24
Примена, табели и совети
Садови за готвење
• Добрите садови за готвење ќе ги познаете по дното. Дното
треба да биде што е можно по дебело и порамно.
• При купувањето на нови тенџериња и тави, внимавајте на
пречникот на дното. Честопати, производителот го наведува
горниот пречник на работ од садот.
• Садовите со алуминиумски или бакарни дна, може да
оставаат мет
ално обојување на стакло-керамичката
површина, што многу тешко или воопшто не може да се
отстрани.
• Не употребувајте тенџериња од лиено железо или со
оштетено дно, што е рапаво или има бразди. При нивното
поместување може да дојде до трајно гребење.
• Кога се студени,
тенџерињата се обично
малку длабнати
навнатре (конкавно). Во
никој случај, тие не
треба да бидат
длабнати кон надвор
(конвексно).
• Доколку употребувате специјални садови (на пр., експрес-
лонец, тенџере за тивко готвење, вок, итн.), придржувајте се
кон упатствата на производителот.
Штедење на енергија
• Во принцип, садовите
за готвење треба да се
ставаат на ринглата
пред вклучувањето.
• По можност, секогаш
затворајте ги
тенџерињата со капак.
• Исклучувајте ги
ринглите пред крајот на
готвењето, за да ја
искористите
преостанатата топлина.
• Дното од тенџерето и
ринглата треба да
бидат со иста големина.
Comentarios a estos manuales