• Кога апаратот работи секогаш стојте настрана од апаратот кога ја
отварате вратата. Може да испушти жешка пареа. Има ризик од
изгореници на кожата.
• За да го заштитите енамелот од оштетување или губење на бојата:
– не ставајте било какви предмети дирекно на апаратот и не
покривајте го со алуминиумска фолија;
– не ставајте врела вода дирекно во апаратот;
– не чувајте влажни чинии или храна во апаратот откако сте
завршиле со готвењето.
• Губењето на бојата на енамелот нема никаков ефект на работата на
апаратот
• Не притискајте на вратата.
• Кога готвите секогаш затворете ја вратата, дури и за време на
печењето на скара.
Нега и чистење
• Пред одржување, исклучете го апаратот и извлечете го штекерот од
приклучокот за струја.
• Пред одржувањето, проверете дали апаратот е изладен. Постои
опасност од изгореници. Постои опасност од кршење на стаклените
плочи.
• Одржувајте го апаратот постојано чист. Наталожените маснотии или
други остатоци од храна може да предизвикаат пожар.
• Редовното чистење го спречува оштетувањето на површинските
материјали
• Користете длабок плех за печење за многу влажни колачи за да
спречите овошните сокови да предизвикаат дамки кои може да бидат
трајни.
• Заради ваша лична безбедност и безбедноста на вашиот имот,
чистете го апаратот само со вода и сапун. Не користете запаливи
производи или производи кои можат да предизвикаат корозија.
• Не чистете го апаратот со чистачи на пареа или со чистачи под висок
притисок, остри предмети, абразивни средства за чистење,
абразивни сунѓери и средства за отстранување дамки
• Ако користите спреј за печка, придржувајте се до упатствата на
производителот. Не прскајте ништо врз грејните елементи и сензорот
на термостатот.
• Не чистете ја стаклената врата со абразивни средства за чистење
или со метална гребалка. Може да дојде до пукање и кршење на
огноотпорната површина на внатрешното стакло.
• Кога стаклените плочи од вратата се оштетени, тие стануваат крти и
може да се скршат. Мора да ги замените. Контактирајте со
сервисниот центар.
• Бидете внимателни кога ја вадите вратата од апаратот. Вратата е
тешка!
• Не чистете го каталитичкиот емајл (ако го има).
Безбедносни информации
5
Comentarios a estos manuales